Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајна несреќа во Дабиле: Повредена сопатничка во судир на магистралниот пат

На 20 октомври 2024 година, во 20.00 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна несреќа. Во инцидентот учествувале патничко возило „Форд“ со струмички регистарски ознаки и патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничка од возилото „Опел“, која била пренесена и згрижена во Медицинскиот центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +

Артан Груби останува во куќен притвор

C +