22. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира, Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата

Прес на Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ:

Почитувани,

СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата.

Ова е извадок од интернет страница на СДС, името на Виктор Димовски како член на ИО на СДС е веднаш зад тогашниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски.

Виктор Димовски е исто толку СДС колку што се и Зоран Заев и Венко Филипче.

Виктор Димовски е чист партиски кадар на СДС, и тој ја партизираше службата и стави под прогон голем број професионалци.

Со Виктор Димовски на чело на безбедносната служба ни се случуваа скандали како Онишченко, се издаваа пасоши на белосветски наркобосови и криминалци.

СДС нема кредибилитет да зборува за АНБ, затоа што тие ја партизираа и го кородираа системот на националната безбедност.

АНБ и АР работеа за СДС наместо за граѓаните.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ воведува професионализациjа во службите за безбедност. АНБ и другите служби ќе работат за граѓаните.