22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ДУИ: ВРЕДИ без двоумење уништуваа се што беше постигнато со голема тешкотија во здравство

Демократската Унија за Интеграција денеска преку Прес конференција информираа јавноста дека од доаѓањето на ВРЕДИ на власт до денес, за 100 дена ги демолираа и продолжуват да ги демолират све што беше постигнато во здравството:

Почитувани медиуми, драги граѓани,

Од самиот почеток на работа на оваа Влада, со длабока загриженост ги набљудуваме промените кои се случуваат во здравствениот сектор, имплементирани од ВЛЕН.

Во отсуство на легитимитет тие се принудени да го прифатат понижувањето и во исто време да ги прекршат правата на еден цел народ.

Со многу напорна работа и голема пожртвуваност успеавме да создадеме здравствени кадри од сите профили (медицински техничар, медицински сестри, доктори специјалисти, доктори на науки, универзитетски професори), од трудот на албанците тие најдоа здравство со застапеност во сите нивоа, раководители на многу здравствени институции, кадри докажани меѓународно.

Албанците раководеа со над 50 здравствени институции, додека ВРЕДи влезе во Влада, без легитимитет од народот и кои без двоумење ги демолираа и продолжуват да ги демолират све што беше постигнато.
Институциите кои се менаџираа од албанските кадри во владеењето на ДУИ беа следните:
1.Фонд за здравствено осигурување на РСМ
2.Јавна здравствена установа на РСМ
3.Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД)
4.Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија
5.Универзитетска клиника за дигестивна хирургија
6.Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија
7.Универзитетска клиника за неврохирургија
8.Универзитетска клиника за максилофацијална хирургија
9.Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле – Скопје
10.Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар
11.Универзитетска клиника за кардиохирургија
12.Универзитетска клиника за детска хирургија
13.Универзитетска клиника за нефрологија
14.Универзитетска клиника за хематологија
15.Универзитетска клиника за оториноларингологија
16.Универзитетска клиника за ревматологија
17.Универзитетска клиника за кардиологија
18.Универзитетска клиника за детски болести
19.Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија
20.Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија
21.Универзитетска клиника за офталмологија
22.Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија
23.Универзитетска клиника за урологија
24.Универзитетска клиникa за дерматологија
25.Универзитетска клиника за ендокринологија
26.Универзитетска клиника за токсикологија
27.Универзитетска клиника за неврологија
28.Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби
29.Универзитетскa клиникa за гинекологија и акушерство
30.Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје 31.Универзитетска клиника за хируршки болести”Свети Наум Охридски” – Скопје 32.Стоматолошка универзитетска клиника Скопје
33.Универзитетска клиника за клиничка биохемија
34.Институт за трансфузиона медицина
35.Институт за медицина на трудот Скопје
36.Институт за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје
37.Институт за биохемија- Скопје
38.Дирекција за заеднички служби при Клинички центар”Мајка Тереза” – Скопје
39.Клиничка болница Тетово
40.Општа болница “Ферид Мурад” Гостивар
41.Општа болница Струга
42.Општа болница Дебар 43.Психијатриска болница Скопје
44.Специјална болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза – Чаир 45.Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо” Охрид 46.Здравствен дом Куманово
47.Здравствен дом Липково
48.Здравствен дом Гостивар
49.Здравствен дом Кичево
50.Центар за јавно здравје – Тетово
51.Центар за јавно здравје -Куманово
52.Центар за јавно здравје- Скопје

Денес, после повеќе од 100 дена нелегитимна влада, во Клиничкиот центар “Мајка Тереза” – Скопје од 34 Универзитетски клиники, само 3 клиники ги водат албански медицински директори. Со тоа се омаловажени над 100 албански специјалисти докажани во нивниот професионален ангажман како во давање услуги во здравствената заштита така и во едукација на нови кадри. Тоа се кадри докажани на меѓународно поле со научни трудови, имплементација на нови методи во различни области на медицината.

Денес овој професионалци не го заслужуваат ова деградирање и омаловажување за овие 100 дена Влада.

Кога нашите соседни земји ќе се отворат за имплементација на иновативни технологии, роботска технологија, вештачка интелегенција, ние се соочуваме со деалбанизација на здравствените установи за 100 дена владеење.

Денес сите Универзитетски клиники во состав на ТОАРИЛУЦ се предводени од македонски кадар, 1 медицински директор и 4 македонски клинички директори.

Денес ФЗОРСМ за прв пат е предводен од 2 македонски директори, знаејќи ја важноста на оваа институција, институција која го составува буџетот за сите здравствени установи, институција од која целото население добива услуги, во овие 100 дена се промени во сите нивоа:

Од 3 директори на албански сектор, денес само 1 директор на албански сектор.

Замена на членови Албанци во разни комисии со членови Македонци. Пример: Комисија за ортопедски помагала од 9 члена 5 беа Албанци. Денес бројот на членови се зголеми на 11 од кои само 3 Албанци. Раководител на Подрачна служба ФЗОРСМ Куманово, раководител на Подрачна служба ФЗОРСМ Кичево. ФЗОРСМ е главна институција за зголемување на буџетот на Клиниките, особено за зголемување на буџетот на Клиничка болница Тетово, Општа болница “Ферид Мурад” Гостивар, Општа болница Струга.

ДА, историски е докажано дека полесно и побрзо се расипува (100 дена). Со труд и пожртвуваност стигнавме до буџетот на Клиничката болница Тетово од 38 милиони денари во 2006 година, денес буџетот достигна вредност од близу 1 милијарда денари.

Општа болница “Ферид Мурад” Гостивар од 22 милиони денари во 2006 година денес 500 милиони денари.
Општа болница Струга од 10 милиони денари во 2006 година денес 350 милиони денари.

ДУИ, на чело со лидерот АЛИ АХМЕТИ со јасна визија, со благородни цели благодарение на европските политики, чувствувајќи одговорност за довербата што и ја даде албанскиот народ успеа да создаде подобри услови за образование, за создавање на овие професионални кадри за нивно усовршување. Ве замолуваме да не не враќате назад.

Затоа, ние како ДУИ, предлагаме итно е министерот Таравари да ја повлече одлуката за прекин на сите конкурси објавени за вработување на 1117 здравствени работници, одлука која беше одобрена од претходната Влада, исто така промовирана како големо достигнување на поранешниот министер за здравство Ф. Меџити !

Исто така, предлагаме со „заштедените“ средства од разрешувањето на организационите директори да се предвидат вработување на сите приватни специјалисти.

Предлагаме да се почитува Колективниот договор за зголемување на платите.

Предлагаме Министерот за здравство да биде ажуриран со информации за стратешките програми, стратешките планови за постојното здравство кои се одобрени и од европските комисии. Да не се формираат непотребни комисии за залажување и замолчување на незадоволните гласови.
Ви благодарам ,