Католичкиот училиштен центар во Зеница беше евакуиран кога училишната управа доби закана за бомба. Заканите што доведоа до хаос во училиштата во Сараево се проширија и надвор од главниот град на Босна и Херцеговина.
Портпаролот на полицијата на Зеничко-добојската жупанија, Самир Валентиќ, потврди дека информацијата за поставената бомба стигнала нешто по осум часот.
„По тоа, полицајците ги евакуирале сите ученици и почнале антидиверзантски увид“, изјави Валентиќ.
Речиси во исто време закани за бомби пристигнале и во две училишта во Сараево, па морале да ја прекинат наставата и таму, а учениците биле евакуирани.
Претходно оваа недела, сараевската полиција идентификува и приведе тројца малолетници за кои беше откриено дека испраќале закани до училиштата.
Еден од нив, како што е откриено во текот на истрагата, дури 49 пати испратил закани за бомба по електронска пошта.
По кривичната постапка, тој е предаден на Обвинителството на жупанијата Сараево. Потоа обвинителот му предложи на судијата за малолетници на Општинскиот суд во Сараево да му одреди едномесечен притвор поради сомнение за сторени кривични дела – загрозување на сигурноста и лажно пријавување./Извор:Makfax