22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Хрватска: Од 1 јануари 750 евра

Висината на минималната нето плата во Хрватска од 1 јануари следната година ќе се зголеми за околу 80 евра, од овогодинешните околу 670 на 750 евра или за 15 отсто, одлучи хрватската влада.

Со новата минимална плата ќе бидат опфатени 30.000 лица повеќе од пред две години.

Кога станува збор за бруто износот, тоа е зголемување од 840 на приближно 970 евра.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека во Хрватска денеска сто илјади луѓе добиваат минимална плата и посочи дека „целта на Владата е да им обезбеди подостоинствен живот на оние кои имаат најмалку“.

Од друга страна, последниот чекор за покачување на минималната плата е проследен со коментари дека таа сепак е доволно само за покривање на комуналиите, пренесуваат медиумите.