22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Турција се преврте автобус при што загинаа најмалку шест лица

Според првичните информации, најмалку шест лица загинале, а 25 се повредени кога автобус со туристи се превртел во централната турска провинција Аксарај.

Министерот за правда на Турција, Јилмаз Тунч, потврди дека е покрената истрага, објави весникот „Хуриет“. Тој рече дека три обвинители работат на случајот.

Очевидци на несреќата велат дека автобусот се движел со голема брзина и дека возачот изгубил контрола над возилото пред да се преврти.

Гувернерот на провинцијата Мехмет Али Кумбузоглу изјави дека туристичкиот автобус превезувал патници од западната провинција Баликесир до регионот Кападокија, популарна туристичка дестинација во централна Турција.

– Повредените итно се пренесени во болница. Покрената е истрага за несреќата – рече тој.