18. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Костадинов со реакција откако власта одлучи да не додели ниту денар за Струмица од 250-те милиони унгарски евра: После подолго време повторно трн во окото е Струмица

Се огласи градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов откако власта ги бојкотираше апликациите за проектите на оваа македонска општина. Да потсетиме дека од предвидените 250 милиони евра, нема да одели ниту денар за овој македонски град.

Еве ја објавата на фејсбук на Костадинов:

Во името на Струмица и струмичани ќе одмолчам, тие нека пресудат за односот на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ со цела коалиција кон нас.
После подолго време повторно трн во окото е Струмица.
Моја Струмицо, помисли добро анализирај, заклучокот е дека против нас е отворен фронт!
Нека ова биде зачеток на еден нов порив за СЛОБОДА!
Струмица била, Струмица е, Струмица ќе остане СЛОБОДНА!