16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен штипјанец со дрога, вага и дробилка по полициски претрес

На 15 октомври 2024 година, во 23:35 часот, полицијата во Штип лиши од слобода 41-годишен маж од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен по наредба на Основниот суд во Штип, полицијата пронајде и одзеде повеќе различни пакувања марихуана, дигитална вага, дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети.

За настанот е информиран јавен обвинител, а осомничениот е задржан во полициската станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип ќе поднесе соодветна пријава против него.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +