23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, 4 војници загинаа, 60 се ранети

Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот дел на Израел, објавија израелските одбранбени сили (ИДФ) додадоа дека седум војници се тешко повредени во нападот на базата кај Бињамина. град кој се наоѓа на околу 33 километри јужно од Хаифа.

Тоа е еден од најкрвавите напади врз Израел од почетокот на војната во октомври минатата година.

Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека целта бил камп за обука на бригадата Голан на израелските одбранбени сили (ИДФ) во областа, лоцирана меѓу Тел Авив и Хаифа.

Канцеларијата за медиуми на вооружената група соопшти дека нападот бил одговор на израелските напади во четвртокот во јужен Либан и Бејрут, во кои загинаа 22 лица, а беа ранети 117, соопшти либанското Министерство за здравство.

Групата соопшти дека го нападнала кампот во северен Израел користејќи „рој дронови“./Извор:Makfax