23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Нова трагедија ја потресе Македонија: Пронајдени мртви мајка и ќерка, таткото и синот завршија во болница

Како што потврди полицијата денеска околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на интервенција во село Слатино од М.З. од Слатино, Тетово, кој без знаци на живот ги пронашол нејзината ќерка К.Ш (36) и неговата внука-доенче во нивниот семеен дом, каде што била констатирана смрт.

Од МВР велат дека постапувајќи по пријавата, обезбедено е местото, каде екипа од СВР Тетово во соработка со јавен обвинител извршила увид и по наредба на обвинител безживотните тела на починатите се предадени на обдукција.

Полицијата информира дека додека сопругот Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, ќе бидат пренесени на лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде приведено во Полициска станица за понатамошно постапување се вели во соопштението на МВР.