22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: ДПТУ Ескаватори – MK ДООЕЛ известува дека на автопатот Скопје – Куманово, поточно автопат А1/А2 делница од клучка ТИРС Бунарџик до пред патарина Миладиновци, 04.10 – 10.10.2024год. од 07:00 до 19:00 ќе се одвиваат градежни активности за рехабилитација и поправка на левата (брза) сообраќајна лентакоја ќе биде затворена за сообраќај и сообраќајот ќе се одвива по десната и помошната сообраќајна лента каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Синтек инженеринг ДООЕЛ известува за отпочнување на времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 03.10.2024 година до 01.12.2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т1. Имено десната тунелска цевка на тунел Т1 ќе биде целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе биде целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.