13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаос на небото: Авионот принудно слетал во Лас Вегас бидејќи бил откриен чад во кабината

Како што јавуваат американските медиуми авионот на американската компанија Фронтиер принудно слетал во Лас Вегас откако бил забележан чад во пилотската кабина, но никој не е повреден, соопштија денеска официјални лица.

Авионот летал од Сан Диего за Лас Вегас кога пилотите забележале чад и го вклучиле алармот, се вели во соопштението на авиокомпанијата, јавувааат американските медиуми.

На снимката која била објавена на социјалните мрежи може да се види како пламенот излегува од под авионот.

Авионот потоа успеал да слета на меѓународниот аеродром Хари Рид во Лас Вегас, соопшти Федералната управа за авијација (FAA).

Локалната противпожарна служба веднаш излегла на местото на настанот, изјави администраторот на аеродромот Аманда Мазагати.

Авионот слетал безбедно, а сите патници и членови на екипажот биле евакуирани преку итни скали за евакуација.

Можеби ќе ве интересира

Русија планира да ограничи дел од повиците на Telegram и на WhatsApp

C +

Мерц: Прво прекин на огнот во Украина, потоа долгорочен мировен договор

C +

Макрон: Трамп се согласи дека Украина мора да биде вклучена во разговорите за територијата

C +