6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Screenshot / МВР видео
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Скопје и други градови: Полицијата приведуваше и во угостителски објекти поради дрога

Денеска (06.10.2024) во 01.40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода три лица, сите од Штип, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.10.2024) во 03.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода лице, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.10.2024) во 06.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода лице, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода лице, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.10.2024) во 03.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, го лишиле од слобода лице, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.10.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишиле од слобода лице, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.10.2024) во 02.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје лишиле од слобода лице, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.