Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка меѓу автомобил и два скутери во Скопје – Повредени двајца малолетници

На 05.10.2024 во 19.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Февруарски поход“ и сервисна улица која води кон паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(36) од Скопје, мопед „априлија“, управуван од малолетник од Скопје и уште еден мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, исто така управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

ДЕСК