23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија

„Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра, неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека за да одиме напред мора да знаеме факти за минатото.

„За да одиме напред мора да знаеме што ни остави претходната влада на СДС и ДУИ. Да видиме каде сме треба да знаеме од каде почнавме и што наследивме? За да оцениме дали сме задоволни треба да знаеме што се случувало? Каква држава остави владата предводена од СДС? Држава која тоне во корупција и криминал, скандалозни тендери, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри и што уште не, листата е долга. Во низата скандалозни тендери се и оние на Македонски железници и Државни патишта. Станува збор за тендери за пругата кон Бугарија и патот Прилеп – Градско. Станува збор за најскап тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а вредноста е зголемена за 220 милиони и изнесува 560 милиони евра наместо првично предвидените 340 милиони евра. Овој начин на работа, вакво трошење на народните пари останува во минатото. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax