Денеска (03.10.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов.
На средбата беше потенцирана добрата соработка во изминатиот неколкугодишен период, како и заеднички постигнатите резултати, а беа разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можностите за натамошна соработка.
И двете страни изразија уверување дека соработката ќе продолжи и ќе се продлабочува.