23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петровска: Освен коруптивен кредит од 500 милиони евра, ДПМНЕ не испорача ништо во првите 100 дена

Во првите 100 дена ВМРО-ДПМНЕ не испорача ништо од она што ветуваше, освен коруптивниот скандал на владата, со задолжувањето од 500 милиони евра, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во вестите на Алсат телевизија.

-И, по 100 дена, од кој не видовме ништо, жално е што повторно се враќаме во времињата кога владееше ДПМНЕ и кога партијата им беше пред и над се, а потоа сè останато. ДПМНЕ и ВЛЕН не ги поврзува државниот туку личниот интерес, рече Петровска.

Таа го коментираше и заглавувањето на европскиот пат и рече дека нема да се случи ништо, затоа што власта има други интереси.
-Иднината на државата кога ДМНЕ е на влсат е секогаш во втор план. Па власта во Брисел отиде да бара уставни измени со одложено дејство, а оттаму се вратија како попарени без да и кажат на јавноста дека предлогот им е одбиен, односно дека не е тоа опција. Иако ветуваа Преговарачката рамка не може да се промени и тоа е ставот на Европската унија. Се е само замајување на јавноста и давања изговори, рече Петровска.

Таа потенцираше дека граѓаните не сакаат да слушаат изговори туку план, особено што пред избори ДПМНЕ велеа дека имаат план како да ги променат за засилено да продолжат на патот кон ЕУ.

-За време на изборите тврдеа дека имаат план, за сега кога сте на власт, да дадете онаква дрска и кафеанска изјава, ’Не благодарам за ЕУ‘, па апсолутно никој не им го дал тоа право на ДПМНЕ, објасни Петровска.

Оваа власт не покажува никаков капацитет, и не видовме ништо од она што ветуваше. Поверојатно е дека до крајот на годината ќе се случи реконструкција на власта, од каков било потег кој би бил корисен за граѓаните, додаде пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.