22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Бочварски: Во изминатите 100 дена од ВМРО-ДПМНЕ граѓаните добија само изговори

Има незадоволство од почетокот на работата на новата влада во овие први 100 дена, истакна пратеникот на СДСМ Благој Бочварски во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Бочварски нагласи дека тоа е пред се поради неисполнетите ветувања, погрешните политики и напуштањето на стратешките правци, членството во ЕУ, што е недозоливно и незаимисливо за една дражава како Македонија.

-Претставниците на владата беа во Брисел со нов предлог и сега тоа повеќе не се дискутира, се напушта процецот на евроинтеграција што е навистина нешто што не смееше да се случи. Сега гллавно прашање, на кое ние сите, а пред се граѓаните треба да го имаат одговорот е каде ќе не води оваа влада?, рече Бочварски.

Тој нагласи дека од владата се слушаат само изговори, и тоа не само денеска, туку и во изминатите 100 дена.

– ВМРО-ДПМНЕ фуризоно ветуваше во предизборната кампања, а не испорачува резултати за повисок животен стандард, повисоки плати итн. Во изминатите седум години пред доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата перманентно растеше, а во овие први 100 дена прв пат има пад на просечната плата за 1000 денари. ВМРО-ДПМНЕ во кампањата Македонија горда или Македонија твоја ветуваше намалување на дефицитот од 3%, а, со унгарскиот заем го зголеми на 4,9%, ветуваше намалување на јавниот долг од 55%, а го зголеми на 65%., порача пратеникот на СДСМ Благој Бочварски во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Денеска е конечно дојдено време кога владата треба да влезе во чевлите на владејачка партија и да ги решава проблемите на граѓаните. Не се веќе во опозиција и мора да водат грижа за граѓаните, рече Бочварски.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК