Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Враќањето на оградата пред Влада, споменикот на Ќосето и задолжуваањето од Унгарија се единствени проекти на Владата

„Во првите месеци од новата Влада не видовме ниту еден конректен проект или реформа во интерес на граѓаните. Враќањето на оградата пред Владата, споменикот на Ќосето и задолжување на граѓаните со кредитот од Унгарија договорен во четри очи се единствените проекти на оваа Влада за сто дена. Сите парадирања и сликања на Мицкоски со најавените инвестиции се проекти на СДСМ“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Тој додаде дека за 100 дена изгоре 10 отсто до територијата на државата во пожарите ова лето.

„Само ова лето изгоре повеќе шума од последните 12 години заедно. Додека гореа македонските шуми, Мицкоски крајно неодговорно велеше дека ќе се средело се два до три дена“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК