Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: За 100 дена ВМРО-ДПМНЕ улицата станаа небезбедни, убиствата, разбојништвата и нападите се секојдневие

„За сто дена ВМРО-ДПМЕН улиците станаа небезбедни каде убиствата, разбојништвата и нападите се секојдневие. Десетици нерасчистени убиства има само откако Тошковски е министер за внатрешни работи. Во полицијата, наместо професионализација имаме партизација со насилници и криминлаци“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Тој додаде дека техлохранители на Мицкоски кои тепаат полицајци стануваат команданти, а лица со криминално минато се поставуваат за директори и дека безбедносните служби целосно се криминализираат.

„За само 100 дена имаме партизација на виталните институции и загрозување на безбедноста на косовската граница. Партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Влен ја третираат државната граница како приватен премин. Никој не контролира што и кој влегува или изглегува на Блаце“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Стојаноски: Редовната работа заслужува редовен статус, Предлог-законот е пред пратениците

ДЕСК

Вакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за сите

ДЕСК

Јаневска: Интегритетот се учи, ја јакнеме воспитната функција на образованието

ДЕСК