22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи со критика за непочитување на албанскиот јазик во Собранието

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, побара одложување на расправата за Предлогот на закон за изменување на Законот за Царинската управа, бидејќи доставените материјали не беа преведени на албански јазик, со што е прекршен Деловникот на Собранието, па така денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет денеска не започна.

На седницата требаше да се разгледуваат над 2000 амандмани поднесени од Левица, но истите не биле и на албански јазик.

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи реагираше дека член 3, став 4 од Деловникот за работа на Собранието предвидува дека пратениците кои зборуваат јазик различен од македонскиот, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, мора да ги добијат материјалите на својот јазик, навремено и во целост, за да можат да учествуваат во дебатата на еднаква основа.

Битиќи посочи дека како одговор на неготовото барање од генералната секретарка на Собранието било речено дека е потребно некој дополнително да одобри амандманите да бидат преведени на албански јазик.

Според Битиќи ваквиот одговор е апсурден, затоа што преводот е уставно и деловничко право кое мора да се почитува, а не да се прават политички калкулации, по што Лукаревска како претседателка на комисијата констатираше дека не постојат технички услови за продолжување на работата, при што седницата е одложена.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК