Centar.mk
фото: Влада на Република Северна Македонија
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

Соопштение на СДСМ:

Денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани.

Оваа посета Мицкоски требаше да ја искористи и јавно да го праша Орбан, зошто амбасадорот на Унгарија, инаку земја претседавач на ЕУ, гласал за одвојување на Македонија и Албанија.

Ова требаше да го прашања Мицкоски. Зошто македонските граѓани, во неговото претседавање се доведени во ситуација да бидат последни во редот за приклучување во ЕУ? Ако тоа воопшто некогаш се случи.

Мицкоски требаше да го праша Орбан зошто не помогна, како стратешки партнер, во периодот кога договарале кредити од сомнително, кинеско потекло, да се промени преговарачката рамка, како што ветуваше Мицкоски.

Мицкоски и Орбан не понудија ништо за граѓаните, освен што одлучија да ги задолжат за нови 500 милиони евра и да ја закопаат европската перспектива на државата.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК

Летале дрон без дозвола – полицијата интервенирала, тројца млади повеќе нема да го прават тоа во Карпош

ДЕСК

Додека шетал кангал го ослободил, потоа следувал хаос кој заврши со смрт на куче миник

ДЕСК