16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Канцеларија за комуникација со јавност Министерство за животна средина и просторно планирање
МАКЕДОНИЈАвест

Првиот вицепремиер Изет Меџити учествуваше на отворањето на Инвестициско-трговски форум меѓу Северна Македонија и Турција

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска учествуваше и имаше oбраќање на отворањето на Инвестициско-трговскиот форум меѓу Северна Македонија и Турција.

Меџити го оцени како значаен овој настан организиран од Инвестициско-трговскиот форум меѓу Северна Македонија и Турција, како одлична можност уште еднаш да се истакнат силните врски меѓу Северна Македонија и Турција, а особено големиот потенцијал напред, заснован на многу пријателските односи.

“Економската соработка меѓу нашите две земји донесе бројни придобивки, додека турските инвестиции во Северна Македонија помогнаа во развојот на инфраструктурата и отворањето работни места, придонесувајќи за стабилноста и економскиот раст на Скопје, Тетово, Гостивар и Северна Македонија во целина“, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити.

Меџити рече дека интересот на нашите бизниси да ги искористат можностите на турскиот пазар е голем, додека инвестициите од Турција се охрабрувачки и модел како се развива вистински бизнис.

“Во овој контекст, Форумот за инвестиции и трговија игра клучна улога, бидејќи нуди платформа за размена на идеи, искуства и за создавање нови врски. Тоа е одлична можност да се истражат можностите за соработка во различни сектори, од градежништво и производство до технологија и услуги“, рече Меџити.

На Форумот присуствуваа бизнисмени од Турција и Северна Македонија, претседатели на стопански комори, пратеници и амбасадори.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК