Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Драстични промени со времето, УХМР со вонредно предупредување – Детална прогноза за следните денови

Утре ќе се задржи сончево и топло време.

Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето.

Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. И во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Прогноза за 29.09.2024
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен северен ветер, особено изразен долж Повардарието и во источните делови.

Прогноза за 30.09.2024
Минимална температура: 6°C до 15°C
Максимална температура: 12°C до 20°C

Променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува засилен до силен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови.

Прогноза за 01.10.2024
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Наутро постудено, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК