19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Цените не се намалија, Владата да го гледа интересот на граѓаните

Владата имаше ненавремена, задоцнета реакција и недоволен опфат на мерки, затоа по сите проверки нема намалување на цените, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Топ Тема на Телма телевизија.

-Или има минимална промена или нема намалување на цените. На пример, денеска имаме намалување по 1 денар, по 2 денари на одредени производи. А инфлацијата е веќе под контрола уште од почетокот на оваа година. Власта треба да го гледа интересот на граѓаните а не на трговците. Недоволно е само 73 производи да се опфатат. Гледаме во регионот Србија има над 700 производи намалени цени, Црна Гора исто така. СДСМ во септември 2023 година со мерките намали цени на 500 производи во 25 категории, рече Лукаревска.

Треба да се подготват пакети за поддршка на различни категории граѓани и да се зголеми опфатот на производи и мерките за намалување на цените, додаде пратеничката Сања Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК