До сабота ќе преовладува сончево и топло време.
Во недела ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник и ќе предизвика значителен пад на температурата.
Прогноза за 27.09.2024
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 32°C
Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 28.09.2024
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 27°C до 33°C
Претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Прогноза за 29.09.2024
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 21°C до 29°C
Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.