Кафулето за кое се вели дека неодамна било отворено во Келн, вечерва, околу 2.45 часот, целосно изгорело. Пред тоа дошло до експлозија во зградата, а жителите пријавиле силен тресок во текот на ноќта.
Набргу потоа кафулето било во пламен, а прозорците биле испукани.
Зградата е евакуирана додека пожарникарите го гаснеле пожарот. Околу еден час подоцна, околу 4 часот наутро, 25 станари можеле да се вратат во своите станови.
Две лица наводно биле полесно повредени, пишува „Билд“.
На терен се голем број полицајци и пожарникари. Засега не е позната заднината на експлозијата, ниту е поврзана со претходните две, кои одекнаа во Келн минатата недела./Извор:Makfax