25. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија

На 24.09.2024 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.09.2024 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.09.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(32) од село Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.09.2024 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.09.2024 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода лице од Куманово, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 24.09.2024 во 18.45 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле лице од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.09.2024 во 18.25 часот на ул.„Даме Груев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица(23) и(25), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едниот биле пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 24.09.2024 во 20.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода лице(46) и малолетник, двајцата од Велес. Тие биле затекнати во моментот кога лицето му продавал зелена растителна материја на малолетникот. Известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 24.09.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, при преглед на осуденикот лице(31) од Прилеп, била пронајдена марихуана. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп и дрогата била подигната за понатамошна постапка.

На 24.09.2024 во 10.10 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода лице (27) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки било констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за товарното моторно возило „волво“ со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатмошна постапка.

На 24.09.2024 во 12.40 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода лице(35) од Косово, затоа што при пасошка контрола и проверки било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.