Centar.mk
БИЗНИСвест

СДСМ: Зголемени се цените за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект

-Се зголемуваат трошоците на живот на граѓаните, цените на основните производи продолжуваат да растат, велат од СДСМ.

„Последните податоци за потрошувачката кошничка покажува ново зголемување во однос на месец август исто како и трошоците за храна и пијалаци кои за еден месец се зголемиле за 717 денари.

Ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и јасен показател дека нема да имаат реален ефект, ниту врз цените ниту врз стандардот на граѓаните.

Очигледно Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите заради решение во интерес на интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните.

Владата треба да донесе мерки со кои реално и вистински ќе ги намали цените а не да мачка очи.

Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ССКМ : Признанијата „Македонски квалитет 2025“ – потврда за успешното и одговорно македонско стопанство

ДЕСК

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

ДЕСК

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

ДЕСК