21.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден: САД прават сè за да спречат избувнување поширок конфликт на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост за тензиите на Блискиот Исток поради стравувањата дека ескалацијата на нападите меѓу Хезболах и Израел може да доведе до поширок регионален конфликт.

„Ќе направиме сè што можеме за да спречиме избувнување поширок конфликт. И работиме многу напорно за да го сториме тоа“, им рече Бајден на новинарите, според Си-ен-ен.

Тој додаде дека во текот на викендот во Делавер имал многу успешна средба со лидерите на Quad, во која се Австралија, Индија и Јапонија./Извор:Makfax