Следува период на релативно топло време. Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури. Во вторник и среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на температурата.
Прогноза за 24.09.2024
Минимална температура: 5°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 28°C
Променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи.
Прогноза за 25.09.2024
Минимална температура: 6°C до 15°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Прогноза за 26.09.2024
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.