7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕСМ: Лошата кондиција на производните капацитети е причина за набавка на електрична енергија

„ЕСМ Продажба“ овој период објави отворен повик за рамковен договор за купопродажба на електрична енергија на слободниот пазар поради затекната состојба во која се наоѓаат постојните домашни капацитети во државна сопственост, објавија од компанијата.

„Новото раководство се соочува со ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК ‘Битола’ и РЕК ‘Осломеј’ и ниската кота на хидропотенцијалите, чии акумулации се под просекот за овој период од годината поради лошото менаџирање на хидроресурсите во изминатите неколку месеци. Набавката на електрична енергија ќе му овозможи на ЕСМ АД да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба рудниците и хидроакумулациите, како и потребни сервисни активности на постројките, со што ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во претстојната грејна сезона“, се наведува во информацијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Курсна листа за 8-ми октомври 2025

ДЕСК

Средба на министерката Божиновска со австриската министерка Клаудија Плаколм и раководството на ЕВН Македонија

ДЕСК

Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија

ДЕСК