Социјалдемократскиот сојуз треба да престане да манипулира со јавноста и да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по денешната прес-конференција на Боданка Кузеска од СДСМ на тема посетата на претседателката Сиљановска во Софија и знамињата на средбата со нејизниот колега Румен Радев.
Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека не е изненадување што СДСМ повторно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и полувистини.
„Веќе станува повеќе од јасно дека освен Халеевата комета константни се единствено предавствата на СДС. Кога се на власт оваа корумпирана клика ја продава државата, а кога се во опозиција, прават сѐ за да ги опструираат институциите и да ја кочат Македонија. Додека СДС беше на власт, видовме како се преговараше зад затворени врати, како се менуваше името на државата без вистинска консултација со народот, и како се промовираа политики што ги понижуваа нашите национални интереси. Тие продадоа сè што можеше да се продаде и сега, од опозиција, лицемерно критикуваат и напаѓаат“, реагира владејачката партија.
Понатаму се додава дека излишни се лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања. ВМРО-ДПМНЕ е децидно дека стои цврсто зад националните интереси на Македонија и продолжува да ја води државата кон патот на достоинството и гордоста./Извор:Makfax