7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чамец со мигранти потона во Ла Манш, осум мртви

Осум лица загинаа во текот на ноќта при обид да го преминат Ла Манш од Франција во Англија, соопшти француската полиција, а пренесе Би-би-си.

Спасувачките служби биле алармирани откако бродот наишол на тешкотии северно од Булоњ-сур-Мер во Па-де-Кале по 01:00 часот по локално време.

Гумениот чамец запловил со 50 луѓе и набргу почнал да тоне.

Несреќата се случува за помалку од две недели откако 12 лица, меѓу кои шест деца и една трудница, загинаа кога потона чамец со десетици мигранти. Во несреќата, на 3 септември годинава, најмногу луѓе загинаа на Ла Манш.

Во последните два дена зголемен е бројот на обиди за преминување на каналот поради помирното време. Француските поморски власти објавија дека во петокот и саботата за 24 часа биле спасени 200 луѓе./Извор:Makfax