23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Еве му шанса на Мицкоски да покаже соработка и транспарентност од неговата платформа

Во своето последно обраќање, Венко Филипче жестоко го критикуваше предложениот закон за задолжување од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка, што е во процедура за носење без јавна расправа. Овој предлог, според Филипче, не само што го крие процесот на задолжување од јавноста, туку и ги става граѓаните на Македонија во финансиско и политичко заложништво на Унгарија.

„Ова е прв пат нашата држава да се задолжува директно кај друга држава, без јасни механизми за контрола и распределба на средствата,“ истакна тој, додавајќи дека во законот се наоѓаат „скриени трошоци и нелогичности“.

Филипче јавно го предизвика Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, да покаже дека навистина се залага за транспарентност. „Еве му на Мицкоски шанса, да ја реализира платформата која помпезно ја најави,“ рече тој, повикувајќи на јавна експертска дебата. Ова, според Филипче, е клучен момент за Мицкоски да докаже дека работи во интерес на граѓаните.

Филипче остро го осуди фактот дека законот е во собраниска процедура по скратена постапка, што го лишува јавноста од можноста за дискусија и анализа. „Ако го поминете законот вака, на чело ќе си ја напишете сами на себе корупцијата,“ предупреди тој, барајќи законодавниот процес да се отвори за јавна расправа и експертска анализа.