„Жалам што Кузеска и СДС се служат со невистини и манипулации обидувајќи се дека така преку креирање лаги ќе ја сокријат вистината за што ние веќе неколку дена објавуваме факти и аргументи, а одговори од страна на СДС, Венко Филипче и Кузеска нема“, истакна портпаролката, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Таа продолжи и постави друго прашање:
„Дали е вистина дека компанија од Македонија која е блиска до семејството на поранешен претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е во сопственост на поранешен премиер и претседател на СДС?“, запраша Митева.
Таа потенцираше дека доколку нема одговор на овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја информира јавноста.
„Нека одговорат на овие прашања, а доколку не ќе продолжиме да ја информираме јавноста. СДС беше на власт 7 години, имаа можност за сите состојби да дискутираат, но не го направија тоа и покажаа колку се очајни и колку она што го зборува ВМРО-ДПМНЕ е вистина“, децидна е Митева./Извор:Makfax