Centar.mk
СВЕТ

Во пукање во училиште во САД 14-годишник уби двајца ученици и двајца наставници

Четири лица, меѓу кои двајца ученици и двајца наставници, се убиени, а девет лица се ранети и хоспитализирани во пукање во средното училиште Апалачи во Џорџија, јави Си-Ен-Ен.

„Полицијата примила повик за напаѓач со огнено оружје во училиштето околу 10:20 часот, а полицајците пристигнале на местото за неколку минути. Кога наишле на напаѓачот, тој веднаш се предал и бил приведен“, изјави директорот на Бирото за истрага во Џорџија, Крис Хоси.

Напаѓачот, идентификуван како Коди Греј (14), средношколец, е во притвор и ќе биде обвинет за убиство и ќе му се суди како возрасен, додаде Хоси.

Повеќе полициски извори соопштија дека училиштето добило телефонска закана непосредно пред нападот, кога непознато лице изјавило дека училиштето „Виндер“ ќе биде првото од петте училишта во кои се планирало пукање.

Полициски претставници за Си-Ен-Ен изјавија дека не се знае кој го упатил повикот, но дека повикот се истражува./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.