21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма на летот за Грција: пијан маж се обидел да ја преземе контролата над авионот, патниците се бореле со него за да го совладаат

Патник во алкохолизирана состојба се обидел да упадне во пилотската кабина на авионот на компанијата „Изи џет“ на височина од 10.000 метри тврдејќи дека пилотот бил неук и дека може подобро да пилотира, но екипажот и патниците успеале да го совладаат.

Авионот, кој полетал од лондонскиот аеродром „Гетвик“ кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен, а инцидентот се случил во вторникот вечерта.

Патниците и персоналот, кои се бореле со него, го собориле на подот, а потоа добиле аплауз од преплашените патници/Извор:Makfax