13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Ги презедовме сите мерки за да ги заштитиме работничките права

Поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, истакна дека префрлањето на државните службеници во даночни било правно оправдано и спроведено во согласност со законите. Лукаревска го објасни процесот како начин да се избегнат потенцијални тужби и кривична одговорност, доколку службениците не биле префрлени во предвидениот рок.
„Доколку не го направевме тоа во законскиот рок, можеше да дојде до тужби, па дури и до кривична одговорност за мене како работодавач“, објасни Лукаревска, додавајќи дека одлуката била потпишана на 12 февруари од тогашниот министер за информатичко општество и јавна администрација.
Лукаревска истакна дека одлуката предвидувала сите вработени во УЈП да добијат нови договори за работа во рок од еден месец, што било постигнато без да се нарушат правата на вработените. „Преку целиот процес се боревме ниту едно работничко право да не биде скратено“, изјави таа.
Според Лукаревска, откажувањето и издавањето нови договори не е новост во УЈП. Таа потсети дека и таа самата, кога започнала да работи во УЈП во 2017 година, добила откажување на договор и потоа нов договор за работа.
„Ова е пракса која и претходно се сметала за законски издржана. Државниот инспекторат за труд, за жал, не го зема тоа предвид, иако ние постапувавме според истото искуство“, нагласи Лукаревска.
Со ова, таа ја истакна законската основа на сите постапки кои ги спровела УЈП во врска со вработувањето на службениците, осигурувајќи дека ниту едно работничко право не било нарушено.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.