Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Влада која не покачува плати е влада која не се грижи за луѓето!

Резочараноста на граѓаните од владеењето на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е големо и присутно низ целата земја, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше каде што беше во посета.

-Изневерени се предизборните ветувања а владата стана извор на секојдневни скандали за кои нема одговорност. Најмногу реакции има за прекинивањето на политиките на постојан раст на платите, во сите сектори, додека има зголемување на трошоците за живот. Влада која не покачува плати е влада која не се грижи за луѓето, рече Филипче.

Претседателот Филипче потенцираше дека СДСМ во време на најголема здравствена и економска успеаваше да ги покачува платите и да покаже вистинска грижа за работниците.

-Христијан Мицкоски и неговата Влада го прекинаа растот на платите и го вратија концептот на ВМРО ДПМНЕ да бидеме земја со евтина работна сила. Тоа е погрешно и го загрозува стандардот на работниците, на граѓаните. Било какви правдања не држат. Работа на Мицкоски е да обезбеди пари за поголеми плати и СДСМ ќе продолжи да ја притиска Владата.,рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.