23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Контролираме 100 населби во Русија, заробивме 594 руски војници

Украина ја продолжува офанзивата на руската територија Курск, изјави главниот воен командант на Киев.

Генералот Олександр Сирски изјавува дека украинските трупи контролираат 1.294 квадратни километри руска територија и 100 населени места. Тој додава дека заробиле 594 руски војници.

Минатата недела претседателот Зеленски изјави дека Украина контролира повеќе од 1.250 квадратни километри руска територија.

Зборувајќи преку видеоврска на украинската телевизија, Сирски рече дека една од целите на украинската инвазија на Курск е да се „привлече значителен број непријателски трупи од други области“, како што се Покровск и Курахово во Донбас, и дека оваа цел била успешно постигнатa.

Тој додава дека Русија е свесна за оваа цел и дека „ги концентрира своите најподготвени борбени единици во областа Покровск“./Извор:Makfax