Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни два пожари од 20 пријавени вчера, гори во Чашка и во Македонски Брод

Вчера имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се три, а изгаснати се 15, соопшти утрово ЦУК .

Активен пожар има во Општина Чашка кај место викано Котева Круша атар на с.Оморани, префрлен од планина Мукос каде што гори мешана шума.

Мешана шума е зафатена и од пожарот во Општина Македонски Брод, кај резервоарите на селскито водовод во Грешница.

Под контрола се пожарите на Плакенска планина над с.Вирово во Општина Демир Хисар, меѓу кичевските села Цер и Старец, и на Галичица кај Зли Дол, с.Стење и с.Лескоец./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.