23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Голем пожар во Нови Сад, загинаа родители и четири деца

Во Нови Сад синоќа околу 2 часот и 30 минути избувнал голем пожар во семејна куќа. Како што пренесува српски Телеграф, најмалку шест лица загинале, но потрагата по телата продолжува.

„Брзата помош интервенираше околу 2 часа и 54 минути. Немаме информации за точниот број на загинати бидејќи е тешко да се утврди“, изјави за Танјуг Зоран Круљ, портпарол на Брзата помош.

Докторката Николина Мариќ од Итната помош за 021.рс изјавила дека дошле на интервенција во 2:45 часот, но веќе било доцна. Наведува дека не можеле ништо друго освен да ја констатираат смртта на неколку лица.

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во пожарот во Нови Сад загинале шест лица – родители и четири деца.

„Шест лица од кои четири деца на возраст од две до седум години загинаа во пожар што утрово околу 3 часот избувна во куќа. Се претпоставува дека се работи за членови на семејството кое живеело на таа адреса Д. А. (29), М. С.(23), Е. A. (7), С. С. (5), Д. А. (4) и Л. А. (2)“, кажа Дачиќ.

„Телата на жртвите се пренесени во Центарот за судска медицина, а припадниците на полицијата интензивно работат на утврдување на сите околности на овој трагичен настан“, додаде министерот.

На терен се полицијата, пожарникарите и брзата помош. Полициската истрага е во тек./Извор:Makfax