25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Контролата на границите е партизирана од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН што ја доведува во опасност државата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска е во посета на Битола, се сретна со наставниците од овој град, со граѓаните а попладнево и со членовите и симпатизерите на СДСМ.

Филипче рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги приватизираше највиталните органи на државата и дека никој не знае што се случува на границата со Косово.

-Контролата на границите е целосно партизирана што ја доведува во опасност државата. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше законско работење, но добивме Влада која ги приватизираше највиталните органи на државата како МВР и граничните премини. Никој не знае што се случува на границата со Косово откако ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ја има под контрола, рече Филипче.

Безбедносната состојба во државата се влошува, додаде тој потенцирајќи ги нерасчистените убиства, пукањата и пресметките на криминалните структури, како случајот кај Мавровка вчера кој ја потресе јавноста.

-МВР е целосно нефункционална институција и безопасна за криминалците откако ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски ја раководат. Имаме осум убиства и обиди за убиства само за шест месеци само едно расчистено. СДСМ ќе продолжи силно да притиска и ги објавува сите катастрофални политики и работење на Владата со цел да се подигне свеста дека состојбата е драматично влошена во однос на безбедноста, рече претседателот Филипче.