18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК