Centar.mk
СВЕТ

САД одобрија продажба на ракети на Германија

Соединетите држави одобрија продажба на Германија на приближно 600 проектили и опрема за нивните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, во износ од пет милијарди долари.

Трансакцијата „ќе ја подобри способноста на Германија да се соочи со сегашните и идните закани и ќе ги зголеми одбранбените способности на нејзините вооружени сили“, соопштија од DSCA.

По ова одобрување на Стејт департментот, DSCA испрати, според законот, известување до Конгресот, кој мора да даде конечно зелено светло.

По избувнувањето на руската инвазија на Украина во 2022 година, Берлин стана вториот најголем снабдувач на воена помош за Киев по Вашингтон./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ДРЖАВИ ЈА ЗАСИЛУВААТ ТЕХНОЛОШКАТА СОРАБОТКА: Индија, Канада и Австралија разговараа за нови проекти

ДЕСК

ДИПЛОМАТСКИ СУДИР НА Г20: Откажана заедничката фотографија поради рускиот министер

ДЕСК

АМЕРИКАНСКА ВОЕНА ЗДЕЛКА ОД 2,1 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Украина ќе добие можност за нови ракети „Патриот“

ДЕСК