10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Молк за долгот од 1 милион евра додека Министерството на Божиновска се посочува како можен извор на корупција

-Две недели тотален молк од Божиновска и Мицкоски за долгот од 1 милион евра кон државната МЕПСО на фирмата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“ чиј основач и еден од управителите била токму Сања Божиновска. Каде се 1 милион евра, де факто пари на граѓаните? Зошто се кријат информации за овој огромен долг? И зошто Мицкоски ја постави токму Божиновска и дури и направи ново министерство? – прашуваат од СДСМ.

-Токму ова ново министерство со кое управува сега Божиновска се посочува како можен извор на корупција од страна на Институт кој со години ги следи овие области.

Транспарентност а не криење информации од јавноста е она што веднаш требаше да се направи а потоа и одговорност.

Тоа што Божиновска и Мицкоски кријат за долгот од 1 милион евра отвора сериозни сомнежи.

Според нашите информации фирмата на Божиновска никогаш не ги вратила парите.

А според анкетниот лист, Божиновска поседува недвижнини од речиси еден милион евра, онолку колку што и должи на државата.

Што друго кријат Божиновска и Мицкоски? – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК