Телото на Србин (44) било пронајдено во саботата во стан на грчкиот остров Крф, каде што неодамна заминал на одмор.
Иако првично се посомневало, не се работи за насилна смрт, мажот починал бидејќи проголтал пет пакетчиња дрога, а се претпоставува дека се работи за кокаин.
„Србинот бил на одмор на Крф, изнајмил стан на 7 август. Сепак, тој бил пронајден мртов во една од собите. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, а по извршената истрага, телото е испратено на обдукција за да се утврдат причините за смртта со оглед дека на телото немало видливи траги на насилство“, пишуваат грчките медиуми.
По обдукцијата, се покажало дека мажот не починал од природна смрт, туку проголтал пет пакетчиња прашеста бела материја, тешка 83 грама, за која се претпоставува дека е кокаин.
Вештакот наведува и дека кај Србинот биле пронајдени траги од други психоактивни супстанции.
„Мажот ги проголтал пластичните пакувања поради што органите почнале да отекуваат, а предизвикало и појава на течност во белите дробови по што настапила смрт“, соопштија медиумите по што додаваат дека случајот е преземен од Обвинителството за наркотици./Извор:Makfax