-Малку требаше за Мицкоски да си ги погази своите ветувања дека секој функционер кој се огрешил ќе одговара. Тоа ќе важи изгледа само за обичните граѓани, но не и за политичарите од неговата коалиција, велат од СДСМ.
„Мицкоски коленичи пред Гаши и ова е жално за гледање. Ниту СДСМ ниту било кој друг не напиша јасно во полицискиот извештај дека е издадена „незаконска наредба од страна на Претседателот на Собранието“.
Треба ли поголем доказ од ова? За жалење е и министерот Тошковски кој наутро во извештајот пишува незаконска наредба од Гаши, а вечерта го брани дека немало основа за кривична одговорност.
Се што е спротивно на законот носи правна одговорност и ова е класично замижување пред правдата со цел да се спаси коалицијата. Се она за што ВМРО-ДПМНЕ го обивнуваше СДСМ, сега самото ДПМНЕ го прави во двојно поголеми размери.
Го повикуваме Мицкоски да се одважи и да го смени Гаши. Само така ќе докаже дека стои на својот збор за одговорност на политичарите, во спротивно му порачуваме да замолчи засекогаш на оваа тема.“ – се вели во соопштението.