24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова анкета: Камала Харис има најголема предност пред Трамп од почетокот на кампањата

Потпретседателката и претседателски кандидат Камала Харис им даде на демократите најголемото водство пред поранешниот претседател Доналд Трамп за речиси една година, според анкетата на Morning Consult, пишува Newsweek.

Најновата анкета за претседателските избори во ноември покажува дека Харис води пред Трамп со 48 отсто наспроти 44 отсто меѓу регистрираните гласачи на национално ниво. Morning Consult вели дека анкетата била спроведена помеѓу 2 и 4 август и се заснова на одговорите на 11.265 гласачи.

Morning Consult рече дека предноста на Харис од 4 поени е „рекордно висока разлика во нејзина корист“ и „најголема предност на демократски претседателски кандидат пред Трамп во речиси една година“.

Харис, претпоставениот демократски кандидат, исто така води пред Трамп со 5 поени меѓу независните гласачи (42 до 37 проценти) во анкетата во понеделникот и го победи поранешниот претседател за 9 поени кај младите гласачи на возраст меѓу 18 и 34 години (49 спрема 40). Анкетата има маргина на грешка од 1 процентен поен.

Сепак, треба да се запомни дека американскиот претседател се избира преку електорите во сојузните држави, а не со вкупниот збир на сите гласови во целата земја. Така, како и на изборите во 2016 и 2020 година, клучни ќе бидат федералните држави кои не се доминантно демократски или републикански. Овде се издвојуваат Мичиген, Висконсин и Пенсилванија, а според анкетите во овие сојузни држави Харис и Трамп се речиси изедначени./Извор:Makfax